Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ВИДЕО: Крај за нервозниот Ѓоковиќ, Руне во полуфиналето на Мастерсот во Рим

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналната фаза на АТП мастерсот во Рим, Италија. Во четвртфиналето денеска Ѓоковиќ загуби од седмиот играч на светот, Данецот Холгер Руне со 2:1 во сетови 6:2, 4:6 и 6:2 за два часа и 17 минути игра.

Доста нервоза имаше на овој меч кој имаше прекини поради дождот, а и двајцата играчи влегуваа во расправа со судијата Мохамед Лајани.

Ѓоковиќ му пријде на судијата и побара објаснување зошто доби опомена, а причината беше дека Србинот го одолговлекува сервисот.

– Зошто сета оваа драма меѓу англиски и италијански, што правиш, глумиш ли? – беа зборовите на Ѓоковиќ кој беше изненаден.

– „Не, не, прво е на италијански, па на англиски јазик“ – рече шведскиот судија.

Дискусијата продолжи, Лајани ја бранеше својата одлука. „Така го правиме тоа“, додаде Лајани.

– Така правите – што? Зошто ти требаат 20 секунди за да го кажеш резултатот, само кажи го! Бог да чува – Ѓоковиќ не можеше да поверува што му се случува.

Ноле ја бранеше титулата во Рим, што значи дека ќе загуби 640 бодови на новата АТП листа, на која ќе има заостанување од 680 бодови зад Карлос Алкараз, кој се враќа на првото место. Руне за пласман во големото финале ќе игра против победникот од мечот Каспер Руд (Норвешка) – Франсиско Серундоло (Аргентина).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот