Марта Кос, комесар за проширување на ЕУ/Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

ВИДЕО | Кос одговори на навредите на Вучиќ: Кога членовите на ЕП се нарекуваат ѓубре, тоа открива сомнително разбирање на демократијата

Еврокомесарот Марта Кос остро реагираше на навредите што српскиот претседател Александар Вучиќ ги упати до членовите на Европскиот парламент, кои се појавија на протестот во Нови Сад во петокот.

Таа рече дека ваквите напади откриваат „сомнително разбирање на демократијата“ и јасно стави до знаење дека Србија со ваквите потези дополнително го урива својот меѓународен углед.

„Имаме проблем во Белград“, рече Кос по средбата со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер во Виена.

„Кога членовите на Европскиот парламент се нарекуваат ѓубре, тоа открива сомнително разбирање на демократијата. Изјавите на претседателот Вучиќ и претседателката на Собранието Брнабиќ против ЕУ, исто така, нема да го подобрат угледот на Србија во Европа.“

Комесарот ги потсети властите во Белград на обврските што ги презедоа пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и пред неа лично.

„Советот за српската влада е јасен – фокусирајте се на реформите што се ветени. Ова значи независно судство способно да се бори против корупцијата, слободни и независни медиуми и изборен закон што гарантира дека само волјата на граѓаните го одредува мнозинството во парламентот“, рече Кос.

Таа додаде дека граѓаните имаат право на протест, но дека насилството на улиците и актите на вандализам мора да престанат, со очекување дека полицијата ќе дејствува соодветно и со целосно почитување на основните права.

Вучиќ ги нарече пратениците на Европскиот парламент кои присуствуваа на протестот во Нови Сад „ѓубриња“, тврдејќи дека тие се „најлошото ѓубриште што се собрало таму“.

Тој ги обвини за „брутално мешање во внатрешните работи на Србија“ и се закани дека сите оние кои, како што рече, „се обидуваат да ја уништат Србија однадвор“, ќе бидат гонети во согласност со законите.

 

Вучиќ ги нарече „олош“ европратениците кои беа на протест во Нови Сад каде полицијата со шок бомби ги растера демонстрантите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот