Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

ВИДЕО | Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат, од Романија фатија лет за САД

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан ја напуштија Романија рано утринава со приватен лет за САД, објави веб-страницата за вести G4media.ro, повикувајќи се на извори од аеродромот.

Претходно, романските обвинители го одобрија барањето на Ендрју Тејт – кој е отворен поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп – да патува во странство во очекување на кривичната истрага против него.

Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан, кои имаат двојно државјанство, американско и британско, беа уапсени во Романија во 2022 година и обвинети за трговија со луѓе, сексуално вознемирување, перење пари и формирање организирана криминална група. Двајцата браќа негираат дека сториле нешто лошо.

Иако им беше забрането да ја напуштат Романија, извори цитирани од локалните медиуми рекоа дека обвинителите претходно овој месец го одобриле нивното барање да патуваат во Соединетите држави.

Минатата недела, Фајненшл тајмс објави, цитирајќи извори, дека американските власти го покренале случајот со браќата Тејт, двајцата поранешни кикбоксери, за време на телефонски разговор со романската влада, притискајќи за укинување на ограничувањата против нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот