Фото: Screenshot

ВИДЕО | Контроверзен поен на Синсинати: Судијата го оштети Оже-Алијасим на меч топка

Во синоќешниот натпревар на Синсинати Канаѓанецот, Феликс Oже-Алијасим беше поразен во пресметката против Британецот, Џек Дрејпер (7:5, 4:6,, 4:6). Мечот се играше во рамките од третото коло, а се најде во центарот на вниманието поради контроверзен меч-поен.

Дрејпер во својата втора меч топка се обиде со волеј удар да го заврши поенот, но топчето го удри во своето поле, па дури потоа преку мрежата. Во таква ситуација поенот требаше да биде Оже-Алијасим, но место тоа судијата Грег Аленсворт додели поен, а со тоа и победа за Дрејпер.

Алијасим очекувано во шек се обиде да објасни, меѓутоа одлуката не се промени ниту по разговорот кој го имаа двајцата тенисери и главниот судија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот