
ВИДЕО: Конан О’Брајан се збогува со фановите во последната епизода од неговото шоу
Конан О’Брајан во четвртокот го означи крајот на една ера со последната епизода на неговото шоу на „TBS“ кое траеше 28 години.
Препорачано
„Тешко е да се поверува, тешко е да се каже, ова е нашата последна епизода“, рече О’Брајан пред публиката во Лос Анџелес, додавајќи дека снимил повеќе од 4.000 часа телевизиски материјал.
„Секоја вечер велев: Вечерва имаме навистина одлична епизода и морам да ви кажам дека често лажев“, рече тој. „Но, вечерва навистина имаме одлично шоу! А, ако не, што ќе направите во врска со тоа? Мене веќе ќе ме нема“.
View this post on Instagram
„Многу сум благодарен на целиот мој персонал и на обожавателите во оваа земја и ширум светот кои ми се придружија во оваа навистина луда и навидум бесмислена потрага да правам работи што се навидум глупави, но има нешто паметно во нив што ги прави магични“, вели водителот.
Во изразувањето на својата посветеност кон занаетот, тој вели дека ја следел оваа „чудна фантомска раскрсница меѓу паметно и глупаво“.
„Има многу луѓе кои веруваат дека овие две работи не можат да коегзистираат. Но јас во тоа верувам религиозно. Кога паметното и глупавото ќе се спојат е многу тешко, но ако може да се оствари тоа, мислам дека е најубавото нешто на светот“, додаде О’Брајан.
Во последната епизода имало монтажа на видеа со гости кои се појавиле во неговото шоу меѓу кои и Том Хенкс, Бети Вајт, Харисон Форд, Рајан Рејнолдс и други. Џек Блек бил на местото на настанот, а Вил Ферел се појавил преку „Зум“ на финалето. Исто така, бил претставен анимиран сегмент во кој тој го интервјуирал Хомер Симпсон, правејќи омаж на времето поминато како писател во серијата „Симпсонови“, пренесува „DailyMail“.