Полиција во Лондон/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

ВИДЕО | Комбе влета во пешаци во центарот на Лондон, млада жена загина, возачот уапсен

Комбе влета во пешаци на авенијата Странд, во центарот на Лондон во вторниот попладне и предизвика паника, потврди Метрополитен полицијата. Една млада жена загина, а уште две лица се повредени, соопшти Метрополитен полицијата.

Кај девојката на околу 20 години била констатирана смрт на местото на настанот, додека другите две лица се пренесени во болница.

„Двајца пешаци се префрлени во болница, едниот со повреди потенцијално опасни по живот, а другиот со полесни повреди. Возачот на камионот, 26-годишен маж, е приведен на местото на настанот поради сомнение дека предизвикал смрт од невнимателно возење и управување со концентрација на одредена контролирана дрога над пропишаната граница. Тој останува во притвор“, соопшти полицијата.

Според неа инцидентот, кој се случил во близина на влезот на Кралскиот колеџ, не бил поврзан со тероризам.

Фотографиите направени на местото на настанот покажуваат дека болничарите му укажуваат помош на лице кое лежи на коловозот.

На местото на настанот пристигнаа и лондонската противпожарна бригада и лондонската брза помош.

Очевидци известија дека комбето удрило во група пешаци, но се уште не се знае дали некој е тешко повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот