
ВИДЕО | Колин Фарел не штедеше комплименти: „Со години слушам приказни за Марго Роби, сите ја фалат дека е извонредна“
Колин Фарел едвај чекал да се здружи со Марго Роби, а за тоа била заслужна нејзината одлична репутација во Холивуд. Додека го промовираше нивниот заеднички филм „Големо смело убаво патување“ во „Доцна навечер со Сет Мејерс“, Фарел открил дека слушнал само добри работи за својата колешка дури и пред официјално да се сретнат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Заемно восхитување
„Слушате секакви работи низ годините, бидејќи како што знаете, ова е прилично мала индустрија“, му рече 49-годишниот Фарел на водителот Сет Мејерс. „Значи, со текот на годините, запознав луѓе кои работеле со Марго … и сите, и мажи и жени кажаа дека таа е извонредна.“
„Покрај тоа што очигледно е неверојатна актерка, тие исто така кажаа колку е љубезна, забавна и „тимски играч“, додаде тој. „И тоа секогаш ми е привлечно.“
„Ми должиш 20 долари подоцна“, се пошегува 35-годишната Роби како одговор на ентузијастичката реакција на публиката.
Роби им враќа комплименти
Фарел продолжи да објаснува дека сè што слушнал за ѕвездата на „Барби“ се покажало вистинито во моментот кога се запознале, забележувајќи дека динамиката меѓу нив била „навистина лесна“ веднаш. Но, и Роби не штедела на љубезните зборови.
„И јас секогаш слушав работи за Колин. Сите велат дека е одличен човек – очигледно знам дека е талентиран и сè тоа“, рече Марго, пред да му каже на Колин дека ако ѝ дава комплименти, треба да знае како да ги прифати.
„Но, имам многу пријатели кои се членови на екипата – всушност, двајца од моите најблиски пријатели работеа на филм со Колин како членови на екипата. И тие, исто така, рекоа: „Тој е едноставно најбожественото човечко суштество на планетата“, продолжи таа.
За новиот филм
„Големо, смело и убаво патување“, во режија на Когонада според сценарио на Сет Рајс, ги следи Сара (Роби) и Дејвид (Фарел), кои се запознаваат на свадбата на заеднички пријател. По неочекуван пресврт, двојката се впушта во авантура заедно каде што „преживуваат важни моменти од нивното минато, осветлувајќи како стигнале до местото каде што се во сегашноста – и можеби добивајќи шанса да ја променат својата иднина“. Во филмот глумат и Кевин Клајн, Фиби Волер-Бриџ, Лили Рејб и Џоди Тарнер-Смит.
Роби, исто така, откри еден интересен факт од снимањето – таа беше бремена со својот сега 11-месечен син, а Фарел се погрижи да не пропушти ништо.
„Големо, смело и убаво патување“ ќе биде пуштено во кината во петок, 19 септември.