Фото: Инстаграм/Клои Кардашијан

ВИДЕО | Клои Кардашијан откри со кој познат маж би спиела: „Тој е толку згоден“

Реалити ѕвездата Клои Кардашијан не се воздржува да зборува за нејзиниот сексуален живот (или недостаток од него). Во реалното шоу „Кардашијанс“ (The Kardashians) на Хулу, Клои ги изненади фановите кога го откри името на славниот маж со кој би го прекинала целибатот. Инаку, Клои неодамна изјави дека одамна немала секс, пишува „Дејли мејл“.

„Ох, би имала секс со Крис Еплтон“, рече 40-годишната реалити ѕвезда, мислејќи на славниот фризер кој работи со Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и многу други ѕвезди.

“Тотално. Тој е толку згоден. Не знам дали тој би имал секс со мене. Но јас би со него”, додала таа. Клои, се разбира, на шега призна дека Еплтон, кој е отворено геј, веројатно нема да ѝ возврати на понудата.

Клои и Крис се пошегуваа за време на забавата за 44-от роденден на Ким Кардашијан за нивниот љубовен живот. „Треба да ги собереме сите апликации за запознавање и да ги ставиме во една корпа што ќе ја наречеме „тоа што остана“. Да се ​​разбереме, ние сме во криза“, рече Крис.

„Тоа сме само јас и Клои“, рече Крис, а Клои додаде: „Тоа не е толку лошо. Ми треба само малку друштво. Оди направи сѐ што треба да правиш, а јас ќе бидам дома“.

Претходно во сезоната, Клои посериозно зборуваше за нејзиниот целибат, откривајќи во епизодата од 20 март дека немала секс со години.

„Едноставно не сум била интимна долго време. Значи, се враќаме на почетокот. Повторно родена“, рече таа. Ким и Крис потоа сакале да откријат колку долго Клои немала секс.

„Опседната си со фактот дека немам секс со години“, одговорила Клои. Лесно можев да најдам некој да го направи тоа, но не сакам“, заклучила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот