Фото: EPA/WU HONG

ВИДЕО: Кина претстави нов брз воз, од Пекинг до Шангај побрзо отколку со авион

Кина денес претстави брз воз Mаглев (кратенка за магнетна левитација) способен да развие брзина од 600 километри на час, објавија тамошните државни медиуми.

Поради најголемата брзина досега го прави овој воз најбрзото копнено возило во светот, а е развиен и произведен од самата Кина во крајбрежниот град Кингдао, пренесуваат медиумите.

Возовите „Маглев“ на кратко растојание лебдат од пругите користејќи магнети кои создаваат подигнување и потисок. Кина ја користи оваа технологија речиси две децении, но во многу ограничена мерка. Значи, Шангај има „Маглев“ воз кој поврзува еден аеродром со тој град.

Досега во Кина нема „Mаглев“ линии на долги растојанија за да се искористи технологијата, но некои градови, вклучително и Шангај и Ченгду, започнаа со истражување во таа насока.

Со возот со брзина од 600 км на час, од Пекинг до Шангај ќе бидат потребни само два и пол часа, а тоа е растојание од повеќе од 1000 километри. За споредба, патувањето со авион трае три часа, а со брз воз пет и пол часа.

Возовите „Маглев“ се иднината на железничкиот сообраќај и многу земји од Јапонија до Германија планираат да изградат железнички мрежи „маглев“, што засега е попречено од високата цена на таквата технологија и несовпаѓањето со постојната инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот