Фото: Јутјуб / скриншот

ВИДЕО: Кина го отвори највисокиот мост на светот – двојно повисок од Ајфеловата кула

Со величествено светлосно шоу, денес во кинеската покраина Гуижу беше отворен мост кој веќе влезе во историјата – највисокиот во светот – изграден над Големиот кањон Хуиџијанг, пренесе „Хсинхуа“.

Структурата се издига 625 метри над реката, мостот е долг 2.890 метри, додека главниот распон помеѓу столбовите е импресивни 1.420 метри.

Мостот не е само највисок на планетата, туку е и инженерски рекорд во категоријата мостови со најголем распон во планински области.

Изградбата траеше три години, а завршувањето на проектот беше обележано со церемонија на која присуствуваа инженери, службени лица и бројни набљудувачи.

Висината на мостот е двојно поголема од онаа на Ајфеловата кула, а тој го сруши и претходниот рекорд што го држеше мост во истата покраина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот