
ВИДЕО | Ким Кардашијан објави ново видео, луѓето се прашуваат: „Бјанка, ти ли си тоа?“
Ким Кардашијан објави ново видео на Инстаграм кое остави многумина зачудени. Како дел од кампањата за нејзиниот бренд „Скимс“ (Skims), Ким се појави во трико во боја на кожа, поради што многумина (повторно) ја споредија со Бјанка Ценсори, сопругата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.
Препорачано
„Изгледа како Бјанка на црвениот тепих“, „Мислев дека тоа е Бјанка Ценсори“, „Ким личи на Бјанка“, „О, мој Боже мислев дека тоа е Бјанка“, „Бјанка Ценсори, ти ли?“, „Таа навистина личи на Бјанка овде“, напишаа во коментарите.
View this post on Instagram
Психологот Луиз Годард-Кроули изјави за „Мирор“ дека историјата на Канје за влијание врз неговите партнерки можеби потсвесно „ја претвора Бјанка во неговиот следен проект“.
„Ако Бјанка се гледа себеси како негова муза, таа може да почувствува притисок – свесно или потсвесно – да се усогласи со неговата визија, дури и ако таа е различна од онаа како што беше Бјанка порано“, истакна таа.
Споредбите меѓу Ким и Бјанка траат подолго време. Едно време Канје тврдеше дека сите со кои е во врска драстично го промениле изгледот, што подоцна го потврди и Ким, велејќи дека критиките на Канје ја принудиле целосно да го промени стилот на облекување.
Да потсетиме дека Канје и Бјанка неодамна предизвикаа скандал на Греми наградите. Тие се појавија заедно на црвениот тепих, а Бјанка во еден момент ја соблече црната бунда и откри проѕирен фустан под кој не носеше долна облека.