Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

ВИДЕО | Кејт Мос на модната недела во Париз, ги загрижи обожавателите: „Очигледно не ѝ е добро“

Кејт Мос ги загрижи обожавателите откако видеото снимено на модната недела во Париз стана вирално на социјалните мрежи. Педесет и едно годишниот поранешен супермодел беше во првите редови на ревијата на Изабел Марант за есен 2025 година.

На видеото може да се забележи како во еден момент, таа се сврте и прегрна жена што седи зад неа, а потоа можеше да се слушне како вели „само дозволете ми да го сторам ова“, додека се врти со лицето напред за да ја фотографираат.

До Кејт седеше британскиот моден фотограф 58 годишниот Дејвид Симс, со кој Кејт соработува од 1990-тите.

@ellefrance #katemoss au défilé #isabelmarant #pfw #tiktokfashion #fashiontok #parisfashionweek ♬ GASLIGHT – INJI

Фановите на социјалните мрежи напишаа дека се загрижени за неа поради нејзиниот „потресен“ изглед.

„Чувствувам вознемиреност само што ја гледам“, „Се чувствувам тажно секогаш кога ќе ја видам ваква“ и „Зошто го објавија ова? На Кејт очигледно не ѝ е добро. Сè уште е убава, но …“ се дел од коментарите.

@lucienpagescommunication Kate Moss at the Isabel Marant fashion show @ISABEL MARANT #isabelmarant #parisfashionweek ♬ Anxiety – Doechii

Кејт присуствуваше на Париската модна недела со нејзината ќерка, 22-годишната манекенка Лила, која прошета на бројни писти, вклучувајќи го и шоуто Коперни за сезоната есен/зима 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот