Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

ВИДЕО | Каролина Гочева за бракот со шест години помладиот Михаил Корубин: „Во Холивуд сите се со помлади мажи, сакам да ги следам трендовите“

Македонската пејачка Каролина Гочева беше гостинка во најновото издание на емисијата „Спика и прилика“ на српската телевизија К1, каде во отворен разговор со водителот Бошко Јаковљевиќ проговори за својата кариера и приватниот живот.

Во емисијата, 45-годишната пејачка зборуваше за својот брак со уметникот Михаил Корубин, со кого е веќе осум години во стабилен однос. Гочева откри дека никогаш не се чувствувала притисната од општеството да влезе во брак и дека тоа за неа било природна и лична одлука.

„Едноставно, никогаш не сакав да се омажам само затоа што ‘дошло време’ или затоа што некој очекува од мене. Ништо не треба. Треба само да бидеш среќен“, рече Гочева.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Таа додаде дека дури по триесеттата година почнала вистински да размислува за брак.

„Секогаш бев во долги врски, но си ветив себеси дека нема да се омажам само заради редот, само за луѓето да престанат да прашуваат“, нагласи таа.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Гочева не го избегна ниту прашањето за разликата во возраста со сопругот, кој е шест години помлад од неа.

„Во Холивуд сите се со помлади мажи, тоа е светски тренд. А јас сакам да ги следам светските трендови“, изјави таа со насмевка на лицето.

„Ние двајцата се споивме како зрели луѓе, во нашите триесетти години. Никогаш не сум почувствувала разлика во годините. Се најдовме веднаш и до ден-денес остана тоа чувство“, објасни пејачката, додавајќи дека е среќна што не се подлегнала на притисоците и чекала да се омажи кога вистински ќе го посака тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот