
ВИДЕО: Кармело Ентони како во најдобрите денови
Портланд треилблејзерс си 118:114 ја совлада Филаделдија сиксерс во натпревар кој го одбележа ветеранот Кармело Ентони. Иако Демиен Лилард беше најпрецизен кај Портланд до 30 поени, херој беше Ентони кој играше како во најдобрите денови. Тој натпреварот го зарши со 24 поени, од кои 16 даде во последната четвртина, а во моментите кога се кршеше резултатот Ентони постигна три тројки по ред.
Препорачано
На спротивната страна, Џоел Ембид уфрли 35 поени и имаше 9 скокови.
Мајами хит влезе во победничка серија, Џими Батлер со 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции ги предводеше „жешките“ до триумф над Хјустон од 101:92. Блиску до трипл-дабл беше е Бем Адебајо кој имаше 10 поени, 13 скокови и 8 асистенции.
Бостон благодарение на резервистите Семи Ојеле и Пејтон Причард го совлада Торонто со 120:106. Ојеле постигна 24 поени дека Причард даде 20 поени.
Стеф Кари игра фантастично сезонава и со 10 тројки речиси сам го совлада Орландо. Стеф броеше до 40 поени и е најзаслужен за триумфот на Голден Стејт од 111:105 над Орландо.
Резултати:
Хјустон – Мајами 94:101
Бостон – Торонто 120:106
Детроит – Индијана 95:111
Голден Стејт – Орландо 111:105
Портланд – Филаделфија 118:114