Карди Би - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Карди Би влезе во Гинисовата книга на рекорди

Најновата музичка ера на раперката Карди Би се покажа како драматична, револуционерна и дефинитивно руши рекорди. Промоцијата на нејзиниот нов албум „Am I The Drama?“ привлече огромно внимание уште од денот на објавувањето минатиот петок, а сега и официјално го впиша своето име во Гинисовата книга на рекорди со подвиг кој ги спои музиката, маркетингот и футуристичката технологија.

Испорака со дронови – историски момент

Карди Би откри дека нејзиниот тим не само што ги преплавил улиците со промотивни материјали, туку и буквално „се искачил на небо“. Во партнерство со американскиот ланец продавници „Walmart“, издавачката куќа „Atlantic Records“ и компанијата „Wing Drone Delivery“, раперката организираше маркетиншка кампања во која дронови доставуваше пакети инспирирани од албумот.

Според зборовите на Кајли Галоуеј, извршна директорка на Гинисовата книга на рекорди, овој потег влезе во историјата:

„176 испораки со дронови за само еден час… Со ова Карди и нејзиниот тим ја заслужија титулата за најмногу испораки со беспилотни летала во еден час.“

Многумина сметаат дека Карди Би докажа дека промоцијата на албум во 2025 година не мора да вклучува лепење постери или бесконечно повторување трендови на ТикТок.

„Таа буквално ја спушти иднината од небото“, изјави еден нејзин обожавател.

Продажбата расте, а драмата не изостанува

Изгледа дека ризикот ѝ се исплател. Првичните процени за продажбата на „Am I The Drama?“ брзо растат, а се предвидува дека албумот би можел да доминира на светските топ-листи во наредната недела. Фановите на интернет се воодушевени и од музиката и од спектакуларната промоција, пофалувајќи ја Карди за тоа што останува автентична.

Сепак, драмата не е присутна само во насловот. Верна на својот стил, Карди на албумот не штеди никого. Нејзините остри прозивки се насочени кон многу познати колеги што веќе предизвика бурни дискусии на хип-хоп сцената.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот