EPA EFE
Фото: EPA/PETER FOLEY

ВИДЕО | Камерон Дијаз откри како е да се стане мајка на 47 години: Сега треба да живеам до 107

Мајчинството е посебна приказна. За некои жени „доцната“ бременост и мајчинството имаат импресивни придобивки, а Камерон Дијаз е идеален пример за тоа. Нејзината приказна може да го промени мислењето на жените кои се сомневаат за бременост по 40-тата година.

Камерон Дијаз сподели што значи да се стане мајка со 47 години: Сега треба да живеам до 107 години

Во декември 2019 година, познатата актерка и нејзиниот сопруг Бенџи Маден станаа родители. Тоа стана главна вест во светските медиуми и секако, почнаа коментарите за „доцното“ мајчинство. Дијаз им даде надеж на жените кои се откажале од обидот да добијат дете заради возраста.

камерон дијаз
Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг Бенџи Маден / EPA/MICHAEL NELSON

Иако актерката се обидува да го задржи за себе фактот како забременила, блиски пријатели на ѕвездата открија дека парот се обидувал да добие дете неколку години пред да го добијат девојчето по име Редикс.

„Поминаа толку многу за да стигнат до оваа точка“, изјави анонимен извор за американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Дијаз помина повеќе од половина од својот живот под будното око на јавноста и смета дека е во ред сега „да одвои време да се реорганизира“. Како што вели, таа е среќна, благословена и благодарна што влегува во нова деценија од животот со дете. Една од нејзините главни цели е да го заштити сопственото дете.

камерон дијаз
Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Во интервју со Џими Фалон, Дијаз призна дека времето што го поминува со својата ќерка е како да е во рајот. Вели дека се обидува да ужива во секој момент затоа што секој ден носи нешто ново, и дека Редикс не е истото бебе како вчера…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот