Фото: EPA/ETTORE FERRARI

ВИДЕО | Какви сцени на „Олимпико“: Рома промаши дури три пенали, Озер е херојот на Лил

Каков натпревар видовме во рамките од Лигата на Европа, фудбалерите на Лил направија изненадување откако запишаа триумф на гостувањето против Рома со 1:0.

Французите на стадионот „Олимпико“ во Рим го постигнаа единствениот погодок веќе во шестата минута од натпреварот кој го постигна Харалдсон во шестата минута.

Италијанците можеа да го избегнат поразот во финишот на мечот, во 82 минута им беше досуден пенал кој се повторуваше три пати.

Украинскиот интернационалец Артем Довбик ја имаше задачата да шутира од белата точка, првиот пат шутираше многу слабо по земја, одбрани турскиот голман Берке Озер кој излета пред време. Иста ситуација и во вториот удар, Озер успеа да одбрани, но повторно излезе предвреме.

Довбик имаше и трета шанса, но и таа не успеа да ја искористи, Озер ги одбрани сите удари и на крајот беше еден од хероите во победата на францускиот тим.

Лига Европа, резултати:

Рома – Лил 0:1
Болоња – Фрајбург 1:1
Бран – Утрехт 1:0
Селтик – Брага 0:2
ФСЦБ – Јанг Бојс 0:2
Фенербахче – Ница 2:1
Лудогорец – Бетис 0:2
Панатинаикос – Го Ахед Иглс 1:2
Плзен – Малме 3:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот