ВИДЕО: „Како да го смениме општеството преку уметност“ панел дискусија и изложба во Даут-пашин амам

Денеска во Даут Пашин Амам ќе се одржи панел дискусија на која во фокусот ќе биде промена на општеството преку уметност, по што ќе следи и изложба насловена: Скопје низ моите очи, во организација на невладината организација „Ај“ (EYE). Основачот на организацијата, Дорина Ајдини денеска во Утрински брифинг нагласи дека станува збор за ентузијастички проект на кој се работело повеќе месеци.

– На панел дискусијата ќе бидат фотографот Осман Демири, актерката Сабина Мемиши и графит дизајнерот Наим Идризи. Повикот за панел дискусијата и за самата изложба беше објавен на социјалните мрежи, повикот е отворен за сите заинтересирани граѓани. Проектот започна уште во август а во октомври беше направена работилница со четири предавачи кои предаваа за фотографија, новинарство и активизам. Работилницата беше насочена кон промената во општеството која може да се постигне преку фотографиите. На околу 20 млади луѓе им беше дадена задача да направат фотографии и да покажат како низ нивните очи го гледаат Скопје. Најубавите слики беа изложени во Котор а за првонаградената следуваше интензивен курс за фотографија, вели Ајдини.

Со денешната изложба се заокружува повеќемесечниот проект. Изложбата ќе биде поставена само еден ден и тоа од периодот од 19 до 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот