фото: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

ВИДЕО | Јувентус со пресврт и „проектилот“ на Аџиќ го совлада Интер во дербито на Серија А

Фудбалерите на Јувентус го победија Интер со 4:3 денеска на домашен терен во дербито од третото коло во Серија А.

Јувентус поведе преку Лојд Кели во 14 минута, а Хакан Чалханоглу израмни во 30 минута.

Кенан Јилдриз повторно го доведе Јувентус во водство во 38 минута од натпреварот.

Интер поведе со 3:2 во второто полувреме со головите на Чалханоглу во 65 минута и Маркус Тирам во 76 минута.

Екипата од Торино дојде до пресврт и победа преку Кефрен Тирам во 83 минута и младиот црногорски фудбалер Василије Аџиќ со прекрасен гол во самиот финиш од мечот (90+1`).

Јувентус моментално е лидер на табелата во италијанскиот шампионат со девет бода, додека Интер е на 11 место со три бода. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Верона, додека Интер ќе го пречека Сасуоло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот