Фото: Screenshot

ВИДЕО | Joкиќ по пласманот во конференциското финале: Не можев ниту да замислам дека ќе играм во НБА

Единствениот „брејк“ во конференциското поуфинале со Фениск беше доволен за Денвер да се бори за титулата најдобар тим на Западот.

Уште еден одличен натпревар одигра Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар ја заврши целата серија со Феникс со просек од 34,5 поени, 13,2 скока и 10,3 асистенции по натпревар и стана само третиот кошаркар и прв по 60 години кој завршил една плејоф серија со трипл-дабл просек.

На прес-конференцијата еден од новинарите го запраша дали во детството како момче од Сомбор очекувал дека ќе стигна до овие височини.

„Не, не можев ниту да замислам дека ќе играм во НБА лигата. Да бидам не искрен не верував дека ќе се натпреварувам во било кој друга лига, но ете се случи и мило ми е. Среќен сум што мојот тим победува. Напредуваме веќе пет години и секогаш прикажуваме нешто ново. Неверојатно е да се биде дел од овој пат, од оваа група момци и мислам дека можеме да направиме нешто добро“, изјави Јокиќ.

Денвер во конференциското финале ќе игра против подобриот во серијата помеѓу Лејкерс и Вориорс во кој тимот од Лос Анџелес води со 3:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот