Фото: EPA-EFE/GERALD LEONG

ВИДЕО: Јокиќ не беше на своето ниво, Оклахома го „смрзна“ Денвер на „минус 43“

Кошаркарите на Оклахома израмнија на 1-1 во полуфиналната серија на Западот, откако синоќа одиграа спектакуларен натпревар и буквално го разбија Денвер со убедливи 149-106 на домашен терен.

Најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната постави нови стандарди, а највпечатливо беше првото полувреме во кое постигнаа неверојатни 87 поени што е нов рекорд во историјата на НБА плејофот. Претходниот го држеше Кливленд Кавалирс од 2017 година со 86 поени. Рекордот го заокружи младиот Чет Холмгрен кој на самиот крај на втората четвртина реализираше две слободни фрлања за високи 87-56.

Лидер на теренот во победничкиот состав беше Шеј Гилџес-Александер кој одигра маестрален натпревар, постигнувајќи 34 поени со извонредна реализација (11/13 од поле) и максимални 11/11 од линијата за слободни фрлања. Неговиот „плус-минус“ ефект достигна фантастични +51.

На спротивната страна, Расел Вестбрук беше најефикасен со 19 поени, додека Никола Јокиќ запиша 17 и тоа е далеку под неговото вообичаено ниво на кое не навикна откако е во НБА. Ќе потсетиме, Денвер во првиот натпревар направи брејк и славеше на гостински терен.

Во вториот натпревар во вечерта Бостон уште еднаш славеше над Њујорк Никс сега со 91-90 и така поведе со 2-0 во серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот