фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

ВИДЕО | Јамал стана најмладиот фудбалер со гол и асистенција во ЛШ

Крилниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал ​​стана најмладиот играч кој постигнал гол и асистенција на еден натпревар од Лигата на шампионите вечерва, објави Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Шпанскиот репрезентативец постигна гол и асистираше до Рафиња во победата на Барса со 3:1 над Бенфика во реваншот од осминафиналето на ЛШ на 17 години и 241 ден, соборувајќи го претходниот рекорд кој го држеше Брил Емболо.

Швајцарскиот репрезентативец, кој моментално настапува за Монако, го држеше рекордот повеќе од 10 години.

Емболо со 17 години и 263 дена постигна гол и асистираше на 4 ноември 2014 година во победата на Базел над Лудогорец од 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот