Ирански ракети паѓаат врз Тел Авив / Фото: „Икс“

ВИДЕО: Израелски авиони удираат врз Иран, ирански ракети паѓаат врз Ерусалим и Тел Авив

Во Ерусалим и повеќе градови на југот на Израел, се огласија сирени поради нови воздушни закани, објавија израелските медиуми.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледаат ракети кои паѓаат во Ерусалим.

Ова доаѓа откако претходно Иран изврши одмазднички напад врз Тел Авив и други израелски градови, а Израел одговори со жесток напад со авиони врз Техеран и повеќе други цели во Иран.

Израелската армија околу полноќ по средноевропско време објави дека идентификувала нов бран ракети истрелани од Иран кон израелска територија. На граѓаните им било наредено веднаш да се засолнат, а сирените за воздушна опасност ечеа низ целата земја, вклучително и во главниот град, Тел Авив, кој беше цел и во првиот бран ирански одмазднички напади вечерва, при што според израелските медиуми, еден човек загинал, а повредени се 63-ца.

Според последните информации, во вториот бран целта бил центарот на Тел Авив, каде паднале и експлодирале седум или осум балистички ракети, при што е погоден и облакодер од 50 ката.

Активирани се противвоздушните системи за пресретнување на заканите од воздух, а армијата повикува на максимална претпазливост.

Откако израелската армија вчераутро изврши напади врз неколку ирански градови, а Техеран возврати, жителите на градот Ашкелон почнале да ги празнат рафтовите во продавниците во паника, плашејќи се ескалација на војната и можната иранска одмазда, објавија локални медиуми.

Граѓаните се туркале во супермаркетите, обидувајќи се да стигнат до залихи од храна и средства за основните потреби. Вакви сцени дента и вечерва се забележани и во други израелски градови, пренесоа светските агенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот