Израелски полицаец/Фото: Nir Alon / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Израел: Беспилотно летало од Јемен се урна во хотелски комплекс во Еилат

Израелската војска (ИДФ) денеска соопшти дека дрон лансиран од исток се урна во градот Еилат, кратко откако се огласија сирените во областа.

Израелските медиуми објавија напад на Хутите од Јемен и прикажаа видео од безбедносна камера на хотелот на кое се гледа моментот кога дронот се урна во дворот на зградата.

Нема пријавени жртви, само мала штета.

Од 18 март, кога израелската војска ги продолжи нападите врз Хамас во Појасот Газа, Хутите испукаа повеќе од 80 балистички ракети и околу 40 дронови кон Израел од Јемен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот