Игор Иванов – Изи, режисер/Фото: Слободен печат

ВИДЕО | Изи: Се бориме против голем проблем – паушалното одредување на буџетот за филм

Последните две години беа многу тешки, заради пандемијата. Нашата работа е критична во таа смисла. Едноставно не е возможна таа дистанца на сет и е навистина тешко. Тоа ги отежнуваше работите, изјави во Утрински брифинг режисерот Игор Иванов – Изи.

-Дополнително што ги отежнуваше работите е кратењето на буџетот за филм. Имаше паушално кратење од страна на Министерството за култура без образложение, кое ние не можевме да го разбереме како друштво на филмски работници.

Едноставно тоа се случи, со ветување дека работите ќе бидат подобри. Се надеваме дека работите ќе се вратат во некоја нормала.

-Имаме еден голем проблем против кои ние се бориме, а тоа е паушалното одредување на буџетот за филм, вели Изи.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот