фото: ФК Пелистер

ВИДЕО | Ивановски во финишот му донесе триумф на Пелистер против Вардар

Во последниот натпревар од 13 коло во Првата македонска фудбалска лига екипата на Пелистер со 1:0 славеше против Вардар.

Имаше една одлична атмосфера на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола што ја направија особено навивачките групи „Чкембари“ и „Комити“.

Единствениот гол го видовме во самиот финиш од средбата, поточно во 93 минута кога радост за домашната екипа донесе Ивановски.

На табелата после третата победа сезонава битолски Пелистер е на седмото место со 16 бодови, додека скопските „црвено-црни“ по деветтиот пораз се на последната 12 позиција со осум бодови.

Во следното коло Пелистер на 9 ноември ќе му гостува на Силекс, додека Вардар истиот ден е домаќин на Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!