Фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

ВИДЕО: Италија во продолженијата го скрши отпорот на Австрија!

Италија е вториот четвртфиналист на Европското првенство откако вечерва на „Вембли“ стадионот во Лондон после продолеженијата успеа да ја совлада Австрија со 2:1.

Избраниците на селекторот Роберто Манчини кои уште пред почетокот на мечот се сметаа за фаворити, многу потешко од очекувањата дојдоа до победата.

Мируваа мрежите во регуларните 90 минути, иако во 65 минута Австријците постигнаа гол преку Арнаутовиќ, но истиот беше поништен после ВАР снимка поради офсајд.

Во 95 минута Италијанците го постигнаа првиот гол кој го реализираше Киеза, а вториот во 105 минута, дело на Песина после асистенцијата на Ачерби.

Австријците до крајот на продолженијата само ја ублажија елиминацијата преку Калајџиќ во 114 минута.

Противник на Италија во четвртфиналето на 2 јули во Минхен ќе биде подобриот од пресметката помеѓу Белгија и Португалија.

ВИДЕО: Крај за Велшаните, Данска е првиот четвртфиналист на ЕП!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!