
ВИДЕО | Исповед на познатата американска актерка: Кога имав 16 години добивав непримерни коментари за моите гради, сите ми се смееја
Џенифер Лав Хјуит, актерката најпозната по улогата во серијата „Шепот на духови“, неодамна во поткаст проговори за тоа како била предмет на непримерни коментари од мажите како тинејџерка.
Препорачано
„Кога имав 16 години, возрасните мажи отворено зборуваа за моите гради на ток-шоуа, а луѓето се смееја на тоа. Тоа рекла таа за време на појавувањето на подкастот на Мајим Биалик.
Таа додаде дека е навистина чудно да се стане секс-симбол уште пред да знае што е тоа. Таа се присети и на коментарите кои ги добила откако позирала за насловната страница на магазинот „Максим“ во 1997 година.
„Тие ми пријдоа и отворено ми рекоа: ‘Минатата недела зедов списание со тебе на насловната страница на моето патување’“, рекла таа, додавајќи дека само се насмевнувала на тие коментари.
„Навистина не знаев што значи тоа. Одвратно е“, додала таа.
Таа тврди дека шегите за нејзините гради зачестиле откако го снимила филмот „Знам што правеше минатото лето“.
„Кога излезе филмот, сите беа како ‘Знам што правеа твоите гради минатото лето’. Сите се смееја, вклучително и јас. Претпоставувам дека требаше да биде смешно. Никогаш не ми паѓаше на памет дека возрасни мажи на телевизија да зборуваат за моите гради“, рекла таа.
Таа изјави и дека никого не обвинува за таквото однесување бидејќи претходно овие коментари биле „социјално прифатливи“.