Фото: X@tvrain

ВИДЕО: Исчезна надежта дека алпинистката Наговицина, заглавена на 7.000 метри надморска височина, е жива

Дронот дал обесхрабрувачка информација откако стигнал до шаторот на повредената Русинка на планина во Киргистан

Руската алпинистка Наталија Наговицина (47), која се заглави на надморска височина од околу седум илјади метри на врвот Победа во Киргистан откако ја скрши ногата, официјално е прогласена за исчезната, а потрагата е прекината поради лошото време.

На 12 август, таа го достигна врвот, но спуштањето се претвори во смртоносна стапица. Падот предизвика скршена нога на повеќе од 7.100 метри надморска височина, во едно од најнегостољубивите подрачја на планетава.

Таму, изолирана, неспособна да оди и изложена на температури и до 30 степени под нулата, таа беше заробена во мал шатор, чекајќи спасување кое никогаш не дојде.

Спасувачките служби веруваат дека не е можно да се спроведе понатамошна операција за потрага по алпинистката поради тешките временски услови и надморската височина.

Други алпинисти се обиделе да стигнат до неа за да ѝ донесат залихи и малку човечка топлина. Еден од нив, Италијанецот Лука Синигаља, успеал двапати да се искачи за да ѝ помогне, но при вториот обид починал од церебрален едем.

На 27 август, киргистански воен дрон прелетал околу местото каде што се наоѓала Русинката. Дронот стигнал до шаторот, кружел над него, но Наговицина не покажувала знаци на живот. Не е снимено никакво движење внатре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!