
ВИДЕО | Исчезна ѕвезда на ТикТок: Нејзината последна објава ја вознемири јавноста
Популарната модна инфлуенсерка Флор Маријан Изагире Пинеда (23), позната на социјалните мрежи како Маријан Изагире, мистериозно исчезна во Мексико. Таа последен пат била видена во понеделникот, 1 септември, околу 18 часот во градот Уруапан, западно од Мексико Сити, а оттогаш ѝ се губи секој траг.
Препорачано
Само еден ден претходно, на својот Инстаграм и ТикТок профил, каде што ја следат речиси четири милиони луѓе, таа објавила вознемирувачко видео. На снимката се гледа како седи во парк, нашминкана како кловн, и расплакана ја изведува песната „Why Are You Leaving?“. По оваа објава, повеќе не била активна на социјалните мрежи.
@marianizaguirrep Todas las promesas de mi amor se irán contigo 🥺 por que te vas? #payaso #trend ♬ sonido original – Michee 🦈
Мексиканските власти издадоа „Алба“ предупредување, протокол за итно пронаоѓање исчезнати жени, и потврдија дека постои сомнеж оти младата инфлуенсерка може да биде жртва на кривично дело. Истрагата ја води Државното обвинителство на Мичоакан.
Фановите на социјалните мрежи изразуваат голема загриженост, оставајќи бројни пораки на охрабрување и надеж дека ќе биде пронајдена жива и здрава.
Нејзиното исчезнување се случува само десетина дена по трагичната смрт на другата мексиканска инфлуенсерка, Есмералда Ферер Гарибај (32), која заедно со својот сопруг и двете мали деца беше пронајдена мртва во паркиран камионет во истата држава.
Иако властите засега не ги поврзуваат случаите, јавноста ги гледа како дел од серија вознемирувачки настани што го привлекуваат вниманието врз безбедноста на младите жени во регионот.
Флор Изагире, која во јули 2023 година го објави својот дебитантски сингл „Boom Boom“, се смета за една од највлијателните млади инфлуенсерки во Мексико. Полицијата повикува граѓаните да пријават доколку имаат информации за нејзиното исчезнување.