Ирена Спировска - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Ирена Спировска ја отвори снежната сезона на Попова Шапка во есен

Познатата македонска водителка Ирена Спировска викендов ја отвори снежната сезона на Попова Шапка, каде што уживаше во првиот на една од нашите најпознати зимски дестинации Попова Шапка.

Спировска одамна е позната по тоа што обожава да го минува времето во природа, а планините ѝ се вистинска пасија. Таа често знае да избега од градската врева и да ја наполни својата енергија токму меѓу планинските предели, каде што, како што вели, „човек најлесно си ја наоѓа душевната рамнотежа“.

 

На видеата објавени на нејзиниот Инстаграм профил, водителката изгледаше беспрекорно, со модерен зимски стајлинг кој совршено ја истакна нејзината природна убавина и елеганција.

Судејќи по насмевката и позитивната енергија што ја зрачи, Ирена повторно докажа дека знае како да ужива во секој момент и дека природата е нејзиното најомилено прибежиште.

Попова Шапка за неа не е само зимска дестинација, туку место каде што се враќа секогаш кога сака мир, чист воздух и вистинска магија на снегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот