ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Тасевска: Зголемен е бројот на деца со попреченост на кои им е потребна грижа, тоа се деца кои ви враќаат дупло љубов

фото: СОС Детско село

Бројот на деца со попреченост на кои им е потребна нега и грижа расте, а тоа ја зголемува потребата од поголем број на специјализирани згрижувачи.

СОС Детското село од 2018 година активно ја поддржува деинтитуционализацјата на згрижувачките семејства, а преку низа проекти врши регрутација на специјализирани згрижувачи, за таа цел оваа година креираше Методологија со цел регрутација на нови лица.

Валентина Димовска – обучувач во СОС детско село / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

По тој повод гости во емисјата „Слободен печат“ на Слободна ТВ беа Валентина Димовска и Атина Тасевска.

– Беше подготвен Прирачник за мастер обучувачи, Прирачник за згрижувачките семејства и Информатор за специјализираното згрижување, кој ќе биде од клучна важност за згрижувачите на деца со посебни потерби. Информаторот ќе го промовираме на 6 декември и ќе биде достапен за стручните работници не само во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детскот село, туку и во Центрите за поддршка на згрижувачките семејствапри  при домот „11 Октомври“ и при  „Домот за доенчиња -Битола“, вели Димовска.

На прашањето која е разликата помеѓу општ и специјализиран згрижувач, Тасевска вели дека сите деца кои што влегуваат во алтренативна грижа се под ризик, за нив е потребен поинаков пристап на воспитување. Општите згрижувачи се грижат за деца кои нормално се развиваат, односно немаат ниту физички ниту ментални предизвици во својот развој.

Атина Тасевска – обучувач во СОС детско село / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

 

– Специјализираните згрижувачии водат грижа за деца кои имаат предизвици и кои имаат состојби кои во поголем број случаи се од здравствена причина. Имаме деца со Даунов синдром, со аутизам, деца со фзиички хендикеп, стручно да се изразам деца што се категоризирани. Постои разлика и во бројот, односно кај згрижувачките семејсвта секогаш има помал број на деца со попреченост, бидејќи грижата за овие деца бара поголем ангажман за разлика од оштите згрижувачки семејства, вели Тасевска.

За да се биде специјализиран згижувач треба да се имаат напредни компетенции и задолжително да се помине обуката. Сите згрижувачи со сместувањети на дете или лице со попреченост во својот дом, добиваат надоместок од државата.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот