ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Муриќ: Исламот не учи како да се предадеме на Алах со тело и душа

Кадрија Муриќ/Фото: Методи Здравев

„Слободен печат“ во поддршка на верските заедници во Македонија. Без разлика дали верувате во себе или во Господ, Алах, синот и светиот дух, се водите по Куранот, Библијата или Светото писмо, на крајот сте сепак човек што е дел од една заедница. Православен, муслиман, скиентолог, бектеш, дервиш, евангелист, католик или јудеист. Сите заедно треба да градат соживот и да се разбираат и да се прифатат меѓу себе.
„Слободен печат“ ќе се обиде преку запознавање на религиите да одговори на прашања кој како го слави Господ, кој што празнува, во што верува, како ја следи верата. Целта е да се запознаеме себеси, но и соседот, пријателот, познајникот кој е припадник на друга верска заедница или црква. Преку серијал од десетина епизоди се надеваме дека ќе придонесеме подобро да се запознаеме меѓу себе и да сфатиме на крајот дека сите сме исти.

Кадрија Муриќ/Фото: Методи Здравев

Кадрија Муриќ е имам во Санџак џамија во Љубош Скопје.. Уште како дете кога одел на верска поука, татко му имал голема желба да запише “Медрезе“-Средно исламско училиште. Меѓутоа татко му починал, а имал одличен учител кој денес е „виновен“ што тој е посветен на верата.

-Алах одредил татко ми да се пресели на „другиот свет“, (почина). Јас одев на верска поука и таму имаше еден хоџа, ме учеше, Авнија Дервишовски. Тој беше многу љубезен со нас децата, беше доста толерантен и кога не учеше на исламски принципи, што е тоа ислам, што се молитвите, не галеше со својата нежна рака по глава. Тоа на мене остави голем впечаток и јас и реков на мојата мајка дека јас сакам да бидам како овој хоџа. Така и ми се исполни желбата и желбата на мојот “рахметли бабо“ кој имаше мерак да запишам исламско средно училиште тука во Скопје- вели Муриќ.

Оџата објаснува дека нивната вера се вика ислам што во превод значи покорност, преданост кон алах и сите учења одат во таа насока луѓето да бидат повеќе покорни, предани.

– На тој начин се водиме кон исламските постулати кои не прават пред се подобри луѓе, подобри соседи подобри родители. Исламот не учи да се предадеме со тело и душа, да се предадеме на алах. Од другите вери се разликуваме по тоа што исламот е чист монотеизам што значи верување во едне бог кој за свои слуги ги има ангелите кој пратил пратеници на луѓето да им ја пренесат верата- вели имамот.

Џамија/Фото: Методи Здравев

Куранот е последна и конечна објава на човечкиот род зошто на 18 места во Куранот се повикува човечкиот род. Основните исламски обреди се 33 врз кои почиваат сите останати. Прво на духовна и материјална чистота со 4 услови. Тоа се специфични ритуали кои доведуваат до духовна и материјална чистота.

-Имаме секој ден 5 молитви кои почнуваат пред изгрејсонце, потоа џуманска молитва во пладневните часови во петок, има два Бајрама, Курбан и Рамазан, теравија која е поклонување, Џеназе рамаз кога некој ќе почине- вели Муриќ.

Вели дека треба да се соработува со други верски заедници, на разни церемонии.

-Имаме убава соработка со сите верски заедници посебно со православието кое ни е прв сосед. Кај нас во се бог е неограничен, нема простор, нема време нема форма зошто е семоќен со сите негови имиња и својства, тој е господар на сите светови на нашите души и на нашето живеење. Тој ни дава слобода и покрај се. Кој сака да верува во господ ќе има убав живот, кој не ќе ги сноси последиците. Алах простува и има добрина и љубов- вели имамот.

Целото интервју на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете го овде:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот