Марјан Николовски - новинар / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Марјан Николовски, новинар и кандидат за претседател на ЗНМ: Бенефициран стаж за новинарите ќе биде мојата главна заложба

Вклучување на младите новинари колеги во одлучувачките одбори на ЗНМ но и актуелизирање на потребата од бенефициран стаж за медиумските работници ќе биде дел од моите залагања како иден претседател на најголемото новинарско здружение во земјава. Ова го истакна новинарот и уредник во Сител ТВ, Марјан Николовски при гостувањето во емисијата „Утрински печат“. Тој во емисијата и официјално ја најави својата кандитатура за иден претседател на ЗНМ на изборното собрание кое треба да се одржи следниот месец, поточно на 3 декември во хотелот Александар палас.

– Ја очекувам на 3 декември да дојдат сите членови на ЗНМ. Посакувам на денот на изборното собрание кое треба да има околу 400 до 500 челенови, сите без оглед кој ќе победи да направиме една маркатна фотографија која ќе го одбележи новинарството во земјава, без разлика дали е некој со лева или десна политичка ориентација или мисла. Обединувањето на медиумските работници покрај подобрувањето на социјалниот статус нивен ќе ми бидат едни од приоритетите за кои ќе се борам доколку бидам избран за нов претседател на ЗНМ – истакна новинарот Николовски.

Долгогодишниот уредник во информативната програма на Сител зборуваше и за измените во Киривчниот законик со кои меѓу другото, се обезбедува поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Тој ги поздрави досегашните заложби на ЗНМ за донесувањето на овие измени кои се однесуваат во делот на поголемата заштита на новинарските работници во земјава.

– Новинарската професија која некогаш беше гордост на ова општество сега можам слободно да кажам дека е на дното. Сакам слободно да искоментирам дека некои од колегите можеби и се срамат доколку на улица некој ги сретне и ги праша што работат. Тоа е така бидејќи се почесто новинарите во земјава добиваат етикети дека сме платеници, дека немаме никаква моќ. Токму затоа велам дека дојдено е време за да се избориме оваа слика да ја промениме во очите на јавноста – посочи Николовски.

Тој во разговорот исто така зборуваше и за измените на Законот за Аудио и визуелни медиумски услуги за тоа зошто тој  повеќе не е член на МАН – Македонската асоцијација на новинари но и која е причината за неговата кандидатура во ЗНМ.

Повеќе од разговорот со новинарот Николовски погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот