ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Кочишка: Скопје во декември станува европски град благодарение на фестивалите ПИН и ТАКСИРАТ

Рамона Моња Кочишки, ПИН и Таксират Фестивал/Фото: Слободен печат

„Скопје во декември станува европски град благодарение на ПИН и Таксират – музички фестивали на кои се доаѓа поради името а не поради програмата којашто ја нуди фестивалот. Тоа е знак дека младите нам ни веруваат“ – рече една од главните организатори на фестивалите Рамона Моња Кочишка во утринската програма на „Слободен печат“.

Кочишка додаде дека кога станува збор за ПИН фестивалот – неопходно е да се знае дека целиот концепт е поделен на две програми: конференции и изведувачки настани (концерти) а, целта е да се привлечат македонски музичари, луѓе кои се дел од македонската музичка индустрија да дојдат и да се запознаат со гостите кои ги носи самиот фестивал – делегати од големи фестивали како на пример од: Егзит, Зигед, Tomorrowland во склоп пак на музичката програма носиме македонски нови бендови кои треба да бидат препознаени токму од тие делегати.

„Пин е бесплатен фестивал и достапен до сите, непознавајќи граници – годинава се присутни повеќе од 300 делегати од странство а преку 52 изведувачи. Истиот фестивал се одвива на 5 бини и годинава се слави јубилеј – 10 години од неговото постоење. Ние сме изненадени од посетеноста и интересот на младите кои го јавуваат за посета на ваков фестивал“ – додаде Кочишка.

Рамона рече дека Таксират како фестивал пак е темелот на новиот милениум во Скопје. Оваа година слави 25 години од своето постоење и годинава фестивалот е посветен на сите пријатели кои биле дел и го поддржале фестивалот Таксират во изминатите 25 години а тука се вбројуваат: Дубиоза, Сарс колектив, Дуо французи, Дабе Фикс и уште многу други големи музички имиња.

„Целта на самите фестивали е да привлечеме што е можно повеќе млади да се интересираат за култура и музика и им оставаме простор да се заинтересираат да дојдат и да се пронајдат во некој од секторите – сите си имаат свое место под сонцето. Фестивалите ПИН и Таксират не познаваат граници и преку музика ги спојуваат сите генерации“ – рече Кочишка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот