
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Илија Ацески, социолог : Образовниот систем малку воспитува, забраната на Тик Ток ништо нема да смени
Во образовен систем којшто не е подготвен да се соочи со сите нови предизвици на ова време, семејства кои се наоѓаат во порадикална трансформација засегнати од разводи и финансиски проблеми со кои меѓудругото се соочуват и децата до општество кое е длабоко подделено по секој основ, се формира еден амбиент за младите кои е неподнослив и истиот е рефлексија на сето она што всушност ни се случува околу нас. Ова пак сето говори дека образовниот систем во земјава во целост гледно премалку воспитува а за таквата состојба пак сме сите виновни ние, тука мислам на функционерите, на професорите но и на поединците и родителите вели професорот, социолог Илија Ацески при гостување во емисијата „Утрински печат“ анализирајќи ги причините за насилничкото однесувањекое го демонстрираат младите врз своите врсници.
Препорачано
– Електронскиот удар врз мозокот на младите кои се прави при користењето на социјалните мрежи и интернетот остава една трага и еден впечаток кои што во ова противречно време кога од една страна имате индивидуализација а од друга глобализација доаѓа до создавање на една многу тешка психичка состојба која создава негативно влијание кое подоцна се рефлектира врз сите нас. Причините за ваквото лесно продирање на оваа состојба до човекот во нашето општество пред се треба да се бараат до слабиот и недоволено развиен образовен систем – вели Ацески.
Универзитетскиот професор коментирајќи ја најавата за забрана на дел од социјалните мрежи во земјава од страна на државата вели дека тоа нема да промени ништо значајно на терен.
– Треба да се посвети внимание на децата од најмали нозе како да се подготват за ваков тип на модерна комуникација мислам на социјалните мрежи. Како да се бараат тие креативни аспекти на таа комуникација ако се зеде во предвид дека според некои истражувањата младите во тек на еден ден минуваат во просек од 5 до 6 часа седејќи на своите мобилни телефони. Треба да се изнајде интерактивна занимација во која децата всушност преку мобилниот телефон, компјутерите и другите електронски алатки би ги користеле корисно во насока да научат нешто добро за нив и нивното образование. За жал нашиот систем на образование каков што е сега тоа не го дозволува, односно не може да се прилагодува на новите тредови во општествата – објаснува Ацески и додава дека забраната на Тик Ток нема да придонесе нишо околу тоа да се намали насилството меѓу децата и тинејџерите во училишата и домовите.
Ацески нагласува дека во нашите училишта многу малку детето се третира како поединец и го добива заслуженото внимание во кое ќе може да ги негува своите афинитети и она за што може да го прави во рамките на своите способности и таленти. Затоа според него потребно е поголема комуникација на родителите со своите деца.
Професорот и социолог Ацески не е убеден дека македонските институции имаат капацитет да ги заштитат младите но и другите од трагедиите со кои се соочува српското општество. Според него за поквалитетно образование од најмали нозе па до факултет мора да има промени во книгите кои се со застарени содржини и предрасуди, повеќе пракса на факултетите со студентите но и повеќе кампањи на државата со кои ќе се информира населението за проблемите и предизвиците со кои се соочува домашното општество.
Повеќе од разговорот со социологот Илија Ацески можете да погледнете во видеото во продолжение…