Африм Гаши - претседател на Алтернатива / Фото: „Слободен печат“

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Африм Гаши: Со победникот во македонскиот блок ќе ги ставиме на маса болните прашања на Албанците

Во интервју за „Слободен печат“ лидерот на Алтернатива Африм Гаши вели дека доколку бидат во позиција да бидат партнер во составувањето Влада, сплотена албанска опозиција кога ќе преговара со онаа македонска партија која добила легитимитет на изборите, на дневен ред на маса ќе ги стави и болните прашања на Албанците кои треба да се решаваат заедно.

Постои голема дискрепанца во развиеноста на регионите при што запоставени се оние региони каде најголемиот број се Албанци, вели Африм Гаши за „Слободен печат“.

-Бројките покажуваат дека постои дискрепанца меѓу развиеноста на регионите каде што живеат Македонците и Албанците, во корист на Македонците. Тоа е случај со скопскиот регион, пелагонискиот или полошкиот економски регион. Има голема разлика во тоа колку пари се издвојуваат за нив. Како пример ќе го наведам липковскиот регион каде невработеноста е над 40 посто, а на ниво на државата тој е 15 посто. Нула инвестиции има во тој региион каде над 95 посто живеат Албанци. Исто важи како се делат пари по глава на студент и ученик, потенцира Гаши.

Причините за ваквата состојба не била во тоа што министерот бил Македонец, како шт било порано, затоа што еве сега тој се вика Фатмир.

Целото интервју со Гаши погледнете го во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот