Фото: EPA-EFE/BRIAN SPURLOCK

ВИДЕО: Индијана во последната четвртина ја „скрши“ Оклахома за водство во серијата

Тимот на Индијана пејсерс стигна до водство од 2-1 во големото финале на НБА, откако на домашен терен пред своите навивачи, ја совлада Оклахома со 116-107.

Иако Тандер имаше предност од пет поени на стартот од последната четвртина, токму во тој решавачки период доживеа вистински пад. Гостите постигнаа само 18 поени, додека Индијана се разбуди и со цврста одбрана и сигурна реализација ја презеде контролата над натпреварот.

На нешто повеќе од седум минути до крајот резултатот беше израмнет (98-98), но до крајот Индијана прими само девет поени. Клучен момент беше и блокот на Шеј Гилџес Александер, кој во последната четвртина успеа да погоди само еднаш, што значително го ослаби нападот на Оклахома.

Во завршницата, важни поени реализираа Бенедикт Матуран и Паскал Сиакам, кои ги отстранија сите дилеми околу победникот. Матуран беше најефикасен со 27 поени, а Тајрис Халибартон беше блиску до трипл-дабл со 22 поени, 11 асистенции и 9 скока. Кај Оклахома, најдобар беше Џејлин Вилијамс со 26 поени, додека Гилџес Александер заврши со 24.

Четвртиот меч од финалната серија ќе се игра повторно во Индијанаполис, в сабота рано наутро, а Пејсерс ќе имаат шанса да стигнат на чекор до историската титула во НБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот