ФОТО: screenshot

ВИДЕО: Инцидент на мечот Шкупи -Левски, уапсени бугарски навивачи

На помалку од еден час до почетокот на мечот меѓу Шкупи и Левски Софија, бугарските навивачи приредија нов бран инциденти, овој пат на арената „Тодор Проески“, во судир со полицијата, пренесува Екипа.

Извор. Екипа.мк

Како што пренесуваат медиумите, фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Левски беше прогласен за меч од висок ризик. Се работи за пресметка во второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.

Во текот на денот полицијата имаше полни раце работа за да обезбеди безбедност на навивачите од Бугарија кои дојдоа во солидна бројка. На патарините за влез во главниот град се претресуваа сите бугарски автомобили, а по пристигнувањето им беше ограничено движењето. Ситуацијата ескалира во моментите кога навивачите на Левски влегуваа на трибините на Арената „Тодор Проески“. Тогаш фановите ја нападнаа полицијата која реагира со иста мера, а имаше и уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот