Фото твитер принтскрин

ВИДЕО: „Идиоти“ сурфаат низ Големиот канал во Венеција, градоначалникот нуди вечера за оној кој ќе ги најде

На социјалните мрежи деновиве се појави видео од двајца мажи кои сурфаат на Големиот канал во Венеција, што е строго забрането. Ова го остави градоначалникот на градот, Луиџи Бругнаро доста нервозен.

Бругнаро изјави дека ги бара „двајцата препотентни идиоти“ кои се снимале како сурфаат низ Големиот канал. Тој вели дека ќе го почасти со вечера оној кој ќе ги најде и идентификува двајцата мажи, пренесува „Гардијан“.

„Еве ги двајцата препотентни идиоти кои го исмеваат овој град“, напиша Бруњаро. „Ги замолувам сите да ни помогнат да ги идентификуваме и казниме, на градоначалниците итно им требаат повеќе овластувања во однос на јавната безбедност“.

Локалните медиуми пишуваат дека двајцата мажи вчера биле фатени и казнети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!