ВИДЕО I Коцевски: Нема да се кандидирам за втор мандат, мислам дека доволно направив за Велес и велешани

Велес е отворен и транзитен град. Голем број на луѓе секојдневно патуваат за Куманово, за Скопје, за Кавадарци, за Штип. Велешани се во контакт со многу луѓе и нормално е бројката на заразени со ковид-19 да биде онаква каква што е. Но, сметам дека е стабилна состојбата. Имаме одлична соработка со здравствените домови, со армијата, со Црвениот крст. Секогаш апелираме дека граѓаните треба да бидат внимателни, да се почитуваат препораките, изјави градоначланикот на Велес, Аце Коцевски во денешното издание на „Утрински брифинг“.

Тој истакна дека нема намера да влезе во трка за нов мандат.

– Нема да се кандидирам за нов мандат. Мислам дека е доволно ова што го сторив за граѓанките и граѓаните на Велес. Се надевам дека еден дел од работите кои сега ќе ги започнеме, ќе ги завршиме, вели Коцевски.

Притоа посочи и дел од проектите што ќе бидат предизвик за него до крајот на мандатот.

– Најголем предизвик ни е изградба на нов градски, затворен зелен пазар. Утре или задутре ќе биде јавното наддавање. Вчера добив една убава вест од Министерството за животна средина и просторно планирање дека Велес и Штип се влезени во ИПА 3 програмата за изградба на колекторски системи и прочестителни станици. Успевме да дојдеме до целосна техничка документација за изградба на секундарна мрежа за гасификација на Велес. Во моментов се водат преговори со компании кои се заинтересирани да оперираат со гасоводните системи, вели Коцевски.

Целиот разговор со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот