Фото: youtube/printscreen

ВИДЕО I Георгиевски: Не чувствувам лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид

Не чувствувам лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во вечерашното гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Посочи дека ја презел функцијата на 5 мај во 2019 година и од тогаш биле спроведени многу работи, а причината за сегашната состојба ја лоцира во минатото и проблемите кои се таложеле.

Георгиевски истакна дека забелешките до УНЕСКО ќе бидат испратени, но не очекува големи промени на извештајот. Негова соговорничка во емисијата беше Донка Барџиева од Ценатрот за културно наследство која за одговорна ја смета Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот