
ВИДЕО | Хрватска направи пресврт, па во 95. минута остана без победа против Албанија
Репрентациите на Албанија и Хрватска во еден возбудлив натпревар одиграа без победник 2:2. Албанија водеше, Хрватска направи пресврт, а потоа во последните моменти, Албанците дојдоа до гол за бод.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Албанија до водство стигна по само 11 минути игра кога екс-вардарецот, Јасир Асани нафрли, а Лачи со мал допир со главата ја смести топката во мрежата. Хрватска како против Шпанија играше бледо во првото полувреме тешко доаѓаше до ситуација за гол, но тоа се промени во второто полувреме.
??| CHANCE: WHAT A SAVE TO DENY ASLLANI!
Croatia 0-1 Albania #EURO2024
— Transfer Sector (@TransferSector) June 19, 2024
Во второто полувреме на теренот како да истрча друга Хрватска, а Албанија како што одминуваше времето паѓаше во темпото. Се поголем беше притисокот пред голот на Старкоша. Одбраната на Албанија попушти во 74. минута кога Крамариќ ја погоди мрежата. Само две минути подоцна Гјасула ја погоди сопствената мрежа за 2:1.
??| GOAL: KRAMARIC WITH THE EQUALISER!!!
Croatia 1-1 Albania
— CentreGoals. (@centregoals) June 19, 2024
??| GOAL: CROATIA HAVE TAKEN THE LEAD AGAINST ALBANIA!!
Croatia 2-1 Albania
— CentreGoals. (@centregoals) June 19, 2024
Тој втор гол на Хрватска како да ги разбуди Албанците кои повторно заиграа подобро и притиснаа во финишот. Победничкиот гол беше дело на човекот кој претходно си постигна автогол, Гјасула, а тоа донесе голема радост кај навивачите на оваа селекција.
Реми во овој натпревар најмногу им одговараше на Шпанија и Италија кои веќе имаат по три од првото коло.
??| GOAL: GJASULA WITH THE EQUALISER!!!
Croatia 2-2 Albania
— CentreGoals. (@centregoals) June 19, 2024