Трагедија во Илиноис, загинаа 4 лица/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Хорор во Илиноис: Џип влета во детска градинка, четири лица загинаа, меѓу нив и деца

Четири лица, меѓу кои и деца, загинаа кога возило удри во градинка во Чатам, Илиноис, во САД, соопшти полицијата.

„Во овој момент можеме да потврдиме дека четири лица, на возраст од 4 до 18 години, загинаа, кога возилото удри во градинка во Чатам, мал град во државата Илиноис“, соопшти државната полиција.

Три од жртвите биле удрени од црниот џип додека стоеле пред зградата, додека четвртото лице кое починало било внатре во зградата, соопштија властите. Шест други лица биле итно префрлени во болница, вклучувајќи еден на кого му била укажана прва помош со хеликоптер.

Полицијата го уапси возачот, а постојат сомненија дека возела под дејство на алкохол.

Жената која возела и била идентификуван како единствен патник во возилото, не е повредена, но е однесена во локалната болница на тестови. Не се објавени повеќе информации за причината за несреќата, ниту за идентитетот на возачот.

Снимките од местото на настанот покажаа големи дупки од двете страни на зградата и црн џип со сериозни оштетувања на предната страна. Според извештаите, автомобилот удрил во источната страна на зградата со таква сила што излегол од другата страна.

YNOT Outdoors е летен камп по училиште – кој нуди три часа грижа за зафатени родители со мали деца.

Државната полиција на Илиноис, во соработка со полициската управа на Чатам, соопшти дека истрагата е сè уште активна и дека повеќе информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот