
ВИДЕО: Хамас објави нова снимка од киднапираната девојка Ноа Аргамани
Хамас објави ново видео во кое киднапираната Ноа Аргамани (26) тврди дека двајца од нејзините заробени другари наводно биле убиени во нападите на ИДФ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Милитантите претходно објавија краток клип во кој најавија дека денеска ќе дознаат дали Аргамани и уште двајца заложници Јоси Шараби (53) и Итај Свирски (38) се живи или мртви.
Хамас понуди и три опции за одговор. Првата опција е дека сите тројца се мртви, втората е дека некои се мртви, а некои се живи и третата е дека сите тројца се живи.
Меѓутоа, на видеото, кое беше објавено вечерва може да се види само дваесетишест годишната Аргамани кој тврди дека другите двајца затвореници биле убиени во нападите на израелската армија.
? BREAKING: HAMAS ANSWER THEIR GUESSING GAME VIDEO
The latest update from Hamas claims that two of the three hostages featured in their previous video are dead as a result of the Israeli bombing of Gaza.
The surviving hostage, Noa Argamani: "Stop this madness and bring us home… pic.twitter.com/HyQhthVuO7
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 15, 2024
Во неделата беа одбележани 100 дена од инвазијата на Хамас на јужен Израел. Повеќе од 1.100 Израелци, главно цивили, беа убиени во масакрите во кибуци и на музичкиот фестивал „Нова“ во близина на Реим. Аргамани беше меѓу младите кои уживаа на фестивал во пустината кога вооружени напаѓачи упаднаа во местото и отворија оган.
Ноа очајно и испратила порака на својата пријателка во 8:10 часот дека е на паркингот и не може да излезе. Тоа беше последен пат кога пријателите и семејството на Ноа слушнаа за неа пред да се појават снимки на интернет на кои таа моли за живот додека ја носеа во Појасот Газа на задниот дел од мотор.
Околу 240 заложници беа земени на 7 октомври за да се користат како потпора во размената на затвореници со Израел.