
ВИДЕО | Хамас егзекутираше тројца Палестинци заради „соработка со Израел“ среде улица во Газа
Видео од Хамас како јавно егзекутира тројца Палестинци обвинети како „соработници со Израел“ е дистрибуирано на каналите на Телеграм поврзани со терористичката група, пренесува Би-би-си.
Препорачано
Видеото прикажува вооружени мажи со покриени црти на лицето како стојат над тројца Палестинци со заврзани очи, клекнати на подот со рацете врзани зад грб.
Зборувајќи пред толпата што извикуваше „Алаху Акбар“, еден од вооружените лица ги опиша мажите како „соработници кои ја предадоа својата татковина и се придружија на окупацијата за да го убијат својот народ“.
Тројцата Палестинци беа егзекутирани со истрели во главата и телото.
Hamas publicly executed three Palestinians yesterday.
Mehdi Hasan? Not a word.
Ana Kasparian? Not a word.
Cenk Uygur? Not a word.https://t.co/J2Pesl9tPF
— Eyal Yakoby (@EYakoby) September 23, 2025
Според меѓународните медиуми, Хамас поставил рачно напишани арапски натписи на телата, на кои пишувало: „Вашето предавство нема да остане неказнето. Ве чека строга казна“.
Израелскиот новински медиум Ynet објави дека на друго парче хартија поставено на едно од телата пишувало: „Платеници на мечот – време е да ви ги отсечеме главите“.
Според Хамас, во егзекуцијата учествувале членови на две други терористички организации, Исламски џихад и Муџахединските бригади.