Фото: Принтскрин / Твитер

ВИДЕО | Гулаб слета на главата на новинарка среде репортажа во живо: Нејзината реакција многумина насмеа

На новинарка од „Њус нејшн“, која известувала пред Белата куќа ѝ слетал гулаб на главата непосредно пред да се вклучи во програмата во живо, а нејзината реакција насмеа многумина.

Бидејќи камерата била вклучена и ја снимила оваа необична ситуација , новинарката Кели Мејер решила да го сподели видеото на својот профил на Икс (поранешен Твитер) за да ги насмее своите следбеници.

Имено, додека се подготвувала за пренос во живо, еден гулаб решил да ѝ слета на главата. Иако во еден момент не знаела што се случило, набрзо сфатила, ја средила косата и рекла дека е добро.

„Луѓе, знам дека има многу вести денес, но птица ми слета на главата непосредно пред да одам во живо пред Белата куќа. Тој гулаб навистина сакаше да биде во шоуто. Се разбира, нашата камера сними сè. Уживајте“, напиша таа.

Сепак, нејзината реакција кога во еден момент за малку ќе опцуеше пред камерите насмеа многумина.

„О, Боже, тој слета директно на мене“, рекла таа во шок, а потоа се насмеала и продолжила со својата работа.

Корисниците на социјалните мрежи ја потсетија на една легенда, која вели дека среќен човек е оној на чија глава ќе слета гулаб. Поради ова некои ѝ предложиле да купи ливче со игри на среќа. Исто така, многумина ја пофалиле за нејзината смиреност и концентрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот