Грета Тунберг / Фото: EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

ВИДЕО: Грета Тунберг во Тирана – познатата активистка учествува на протест за Палестина

Меѓународно познатата шведска активистка Грета Тунберг се појави на протест во среда попладне на плоштадот „Скендербег“, за да го крене својот глас за страдањата на палестинскиот народ предизвикани од Израел, пишува албанскиот Вокс њуз.

Протестот започна во 18:00 часот и се одржува под мотото „Стоп на гладот, дозволете храна и живот“. Иако бројот на учесници на овој протест не изгледа толку голем, учесниците гласно повикуваат на почитување на нивната кауза и крај на војната во Газа.

Во неколку моменти, активистката Тунберг е видена како извикува на албански јазик – „Слобода за Палестина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот