Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО: Гори црква во Мршевци, жителите молат за помош
Пожар попладнево ја зафати црквата „Вознесение Христово“ во скопското село Мршевци, во општината Илинден, а граѓаните објавуваат драматични повици за помош на социјалните мрежи.
Препорачано
Врз црквата се проширил еден од пожарите кои избувнаа во поширокиот скопски регион попладнево, кои според надлежните биле предизвикани од искрење на електрични жици од силниот ветер.
Пожарот се проширил и кон селото Бујковци, носен од силниот ветер, информираше од терен директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово е во целосен прекин поради чадот и намалената видливост од блиските пожари.
Искрењето предизвика десетина пожари во Скопско и Кумановско во исто време, а пожарникарите се борат да стигнат на сите локации каде што гори. Авионите „Ер трактор“ и хеликоптерите не можат да дејствуваат поради временските услови, вели Ангелов. Ветрот продолжува да дува и да ја разгорува огнената стихија на повеќе места.
Читател на „Слободен печат“ ни испрати снимка направена во близина на приградската населба Илинден, на која се гледа дека линијата на огнот е широка можеби и еден километар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
8мин
-
8мин
-
20мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5