Фото: Screenshot

ВИДЕО | Големината на скромниот Канте: Додека другите од одмораа, тој го чистеше теренот

Французинот Н’Голо Канте важи за еден од најскромните фудбалери во светот на фудбалот, а сега уште еднаш покажа зошто е така.

Имено, во натпреварот на Ал-Итихад од Саудиска Арабија каде што настапува по заминувањето од Челси, навивачите фрлија црни и жолти ќеси на теренот поради што дојде до прекин на натпреварот.

Во тие моменти додека дел од фудбалерите ја искористија паузата за освежување со вода, а дел да одморот, Канте го чистеше теренот за средбата побрзо да продолжи.

Токму поради ваквите потези, Французинот е еден од милениците на фановите ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот